Превентивни активности на СВР Битола  за побезбеден сообраќај

Денеска (15.11.2024), како и во претходните денови, од страна на полициски службеници од Отсекот за превенција и Полициската станица за безбедност на сообраќајот на патиштата при СВР Битола беа реализирани повеќе превентивни активности на подрачјето на Битола,Ресен,Прилеп,Демир Хисар,Крушево Македонски Брод истите во соработка со техничките прегледи во градовите.

Во текот на овие активности, на возачите кои управуваа моторни возила, полициските службеници преку непосреден разговор и со делење на летоци им укажуваа за законската обврска за задолжително носење зимска опрема во возилата, која започнува од денес, како и за потребата да ги почитуваат законските прописи и поставената сообраќајна сигнализација, посебно во зимски услови при замрзнати и влажни коловози, да ја намалат брзината на движење и да го прилагодат возењето на условите на патот.

Исто така, полициските службеници ги потсетуваа возачите за забраната за управување на моторно возило под дејство на алкохол, како и законските санкции за овие прекршоци, а се со цел подигање на свеста на возачите дека управувањето на возила под дејство на алкохол може да ја загрози нивната лична безбедност, но и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment