Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден и денеска реализира низа превентивни активности под мотото „Слави со срце, не со оружје”. Вчера(02.02.) во централното подрачје на Ресен со месното население беше разговарано за опасноста која демне од неовластено пукање со огнено оружје на разни свечености, како и за законската обврска при употреба на истото.
За таа цел полициските службеници од ОВР Ресен на граѓаните низ централното подрачје и Градскиот пазар и им поделија летоци со едукативна содржина.
Во Ресен, полициските службеници од ОВР Ресен реализираа и превентивни активност под мото „Сигурноста и безбедноста на граѓаните е наша обврска”, при што го посетија централното подрачје на Ресен и Градскиот пазар и разговараа со граѓаните како да се заштитат од кражби, измами и разбојништва. Вчера и денеска на цело подрачје на СВР Битола беа реализирани активности за заштита од кражби, измами, разбојништва. Во делот на безбедноста на сообраќајот полициските службеници, исто така, на целата територија на СВР Битола реализираа и низа превентивни активности за побезбеден сообраќај.