Предлог-преговарачката рамка Владата ја проследи до Собранието

 539 

Владата на Република Македонија реши да ја проследи предлог-преговарачката рамка до Собранието на државата.

Владата на Република Северна Македонија, на денешната 59-та седница, ја разгледа информацијата од Министерството за надворешни работи, за предлог-преговарачката рамка за Република Северна Македонија со ЕУ, претставена од Француското претседателство со Европската Унија.

На седницата, Владата одлучи предлог-преговарачката рамка да ја проследи до Собранието на Република Северна Македонија на разгледување и донесување понатамошни заклучоци, согласно процедурите на Собранието на Република Северна Македонија“, соопшти владината прес-служба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment