Прекрасната манастирска црква на Свети Георги кај Туденце

На 13 километри од Тетово се наоѓа селото Туденце,поточно сместено во подножјето на планината Жеден, постои уште од 1626 година.

Токму тука енајстарата трикорабна христијанска базилика во Македонија, манастирот Свети Георги Победносец. Манастирот ги бележи своите почетоци уште втората половина на шестиот век. Црквата има два влеза, големиот кој е и главен на западната страна и малиот на јужниот дел.

Откриена е мермерна пластика во олтарот. Манастирот е изградена на старите темели на црквата кои се откриени на ден 07.02.2004 година, кога на сега покојниот Тихомир Крстевски на сон му се јавил светецот Ѓорѓи Победоносец, кој му рекол „сите ме газите, а никому не текнува да ме открие.

Да појдеш, да ме откопаш и да ме осветиш“, посочувајќи му точно на кое место се наоѓа храмот. Тихомир почнал да копа и на длабочина од половина метар ги пронашол ѕидовите на некогашниот храм во пределот на олтарот. Тоа е легендата која и ден денес се прераскажува.Подоцна му се придружиле и други жители на Туденце па во овој манастир , при иксопувањето и реставрацијата, се пронајдоа и остатоци од гроб со коски од епископ ( а некаде се посменува дека се од висок црковен великодостојник ) Денес е светилиште кое е често посетувано и плени со својата убавина,духовност,мир,токму овде и небото како да е едно со земјата и молитвата е украс за секој верник,ви предлагаме да го посетите

подготви: Снежана

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment