Свети Атанасиј Александриски прекрасна црква , чија што градба е започната во 1918 а осветена во 1922 година.Септември 15 во 2018 година се врши проширување и реконструкција, поточно се наоѓа во долно полошкиот регион во с. Брвеница каде што селото брои околу 5000 православни жители.
Во дворот е изграден и базен од камен во византиски стил исто како што е и изградбата на црквата, пред самата црква има исто така изградени во византиски стил свеќници за палење свеќи.
Токму овде во оваа убава црква во тек се градежни активности , се гради капијата за црквата која исто така се изработува во византиски стил, во прилог фотографии од изградбата на црковната капија:
Патрон на оваа прекрасна црква е Свети Атанасиј зимен и летен. Посетете ја оваа Божја убавина, која секојдневно е се поубава, едноставно плени со својата убавина. Светилиште каде што на прво место е молитвата и живата вера.
Упатуваме благодарност до надлежните на оваа црква за фотографиите, преку кои ви пренесувме вам на нашите читатели колку убави цркви има кои со многу труд и посветеност се негуваат. Свети Атанасиј Александриски кај Брвеница денес претставува една од најубавите цркви
подготви: Снежана Анеска
фотографии:црква Свети Атанасиј Александриски