“Вие, оче, можете да знаете ако можете да верувате дека јас освен Христа немам ништо. Само многугрешниот живот го носам. Но Христос ми е милост и љубов и цел углед на животот мој. Кога се угледувам на Христовата голема мака, на Неговото долго трпење и на Неговата доброта и мудрост – веќе не ми треба ништо. Христос ми е доволен. Во мачните темни ноќи Христос ми грее како сонце. /…/ Па нека се прави што и да е на овој свет, нека се обрнува и превтува – мене никој од Христа нема да ме раздели! Мене Христе, не ми треба никој само Ти ако ме љубиш, да ме подготвиш за Себе , да ме чуваш од оваа безверност и развратност која на овој јаден свет постои /…/ О, Господи Исусе Христе, долготрпелив, мачен Сине Божји! Нека ми бидат на помош Твоите свети жалосни маки! /…/ Христе, мој жалосен Животу… немам лек без Тебе!”
Преподобна Стефанида Скадарско-Битолска
ПРЕП. СТЕФАНИДА БИТОЛСКА- ОД ХРИСТА НЕМАМ НИКОЈ ПОМИЛ
Господе Исусе Сине Божји, јас не би го пишувала ова бидејќи ми е срам, не знам и не умеам ништо. Но, морам од живиот немир кој е во мртвиот мој живот. Морам Христе за љубовта Твоја. Нека ми биде слободна надежта и науката Твоја за да не се засрамам во мојот грешен и безумен живот до крајот на векот. Амин.
Простете милостиви оче во името на Господа. Сакам уште со писмо на сите да им говорам, иако вас не ве гледам. Ја и Христа не го гледам па (сепак) покрај Него немам никој помил и поблизок. Се` со Него говорам, Тој тајно ми одговара.
Кога ме занесува злото – Тој ме враќа; кога ми натежнат тешкотии – Господ ми олеснува; кога грешна грижа ме мачи – Христос ме ослободува; кога душата и срцето ми се ожалостуваат – љубовта Христова ме утешува. Јас секого го имам и се` ми е добро, но не можам со никого повеќе да говорам. Намислувам нешто за милоста и потребата Божја да говорам – но не можам; животот ми се менува како кога облак го зафаќа небото. Бидејќи гледа: светскиот живот не го може сето ова, па останувам грешна во жалоста за Христовата милост. Милостивни Христе Исусе Ти се` знаеш: овој живот може да стане како светска лудост. Зачувај, одржи Господи…
Фала му на Бога кој не ми остави никаква волја за овој видлив живот… Само ми оставил ПРОСТА ЉУБОВ И ДОБРА ВОЛЈА (од кои ништо подобро нема). Без нив никој и ништо не ми треба, па да ми ја жалости љубовта Христова. А ја без се` и без секој можам а без Христовата љубов никако не можам. Таа ме подига непрестајно на се` добро што посакувам. Тој ме држи а секој друг ме спушта… Верен Господи, дали е верна вистина ова што јас грешната го пишувам? Господе, помогни му на моето неверие, да не се посрамам.… Кога сето ова ќе го видите (прочитате), Вие ќе знаете преку Духот Свети- дека ова не е од мојот грешен и недостоен и гаден човечки живот но од самата милост на Великиот Христос која никогаш во животот не ми дава мир, но целата ме подига за љубов и добра волја, без која јас не можам да дишам …
Утре во диптихот на светителите ќе се вброи преподобно-маченичка Стефанида Битолска