Призивајќи ја Пресвета Богородица Владичица, стреми се да разбереш и да имаш на ум со каква чест Господ ги удостоил православните христијани, соединувајќи ги во едно духовно тело со чиновите на праоците, оците, патријарси, апостоли, маченици, светители, преподобните, праведните и сите Светии а осебено со Самата Пресвета Богородица која е вистински полна благодат и Која е суштински Владичица на духовното царство Христово, Неговата Црква, Присно Дева Марија, брза помошничка, семоќна застапничка и тврдина на родот христијански, и Самиот Господ Исус Христос Кој е Глава на Телото на Црквата.
Оваа духовна заедница на која самиот и ти припаѓаш, нека ти биде нешто највредно и најсвето; со сите сили на душата и телото труди се така, со благодатта Божја да владееш како што доликува, свето, за да би бил достоен на една ваква заедница и застапништво на Мајката Божја со сите Светии.Свети Јован Кронштатски