Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Во текот на ноќта врнежите ќе бидат пообилни и постепено ќе преминуваат во снег и во пониските места. До изутрина на повеќе места ќе се формира снежна покривка
Во Скопје претежно облачно со повремен слаб дожд, во повисоките делови од котлината со слаб снег. Во текот на ноќта врнежите ќе се интензивираат и ќе преминат во снег, па до изутрина ќе се формира снежна покривка.