Приведени крадци во Битола 

 1,818 

На 17.10.2022 од страна на полициски службеници од полициска станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола лишени од слобода се две лица од Битола, кои претходно извршиле кражба. Имено E. Б.(32) и А. Џ. (24)  од Битола  одзеле 6 метални ролни и 8 метални запци од корпа од работна машина багер  и други предмети во сопственост на  РЕК Битола. Тие се лишени од слобода, а Е. Б. е спроведен во КПУ Затвор Битола затоа што бил баран со наредба од Основен суд Битола за издржување на казна затвор во траење од 5 месеци за извршени кражби на подрачјето на Битола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment