На 04.09.2024 во 19.20часот во с.Кременица, битолско, полициски службеници од Полициското одделение Велушина при СВР Битола го лишиле од слобода И.Т.(27) од с.Кременица. Тој бил затекнат како пали оган во близина на фабрика за вода, при што настанал пожар на сува трева. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола. При преглед кај И.Т. била пронајдена запалка со која го предизвикал пожарот. И.Т. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот ќе следува кривична пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
-
Превентивна активност на СВР Битола во рамки на „Европската недела на мобилност“
Денеска (17.09.2024) Отсекот за превенција при СВР Битола и полициската станица за безбедност на сообраќајот при... -
Битола 18 степени
Измеренa температура во 14 часот, минимална температура и наврнат воден талог за изминатите 6 часа до... -
СВР Битола поднесе пет кривични пријави за предизвикување на пожари во Битола и битолско
СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе пет кривични пријави против четири лица и едно...