ПРИТВОР ЗА 72 ГОДИШЕН БИТОЛЧАНЕЦ, ИЗВРШИЛ ПОЛОВ НАПАД ВРЗ ДЕСЕТ ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ

 110 

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице на возраст од 72 години, осомничено дека сторило кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години согласно член 188 став 1 од Кривичниот законик.

На 1 август, во неговиот дом во Битола, осомничениот извршил други полови дејствија врз девојче родено 2011 година. Вознемирено, девојчето се расплакало и го напуштило станот.

Ценејќи дека постојат законските основи, јавниот обвинител од судијата на претходна постапка при Основниот суд Битола достави предлог за определување мерка притвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment