Пронајдени тројца странски туристи кои се изгубиле во Националниот парк Галичица

 537 

На 23.07.2023 во 15.42 часот во СВР Битола, Н.А.(33) од САД пријавила дека таа,
нејзиниот сопруг Л.Ц.(33) и нејзиниот брат J.A.(30), сите државјани на САД, се
изгубиле во Националниот парк Галичица.
Според пријавеното, тие тргнале да планинарат кон врвот Галичица, при што се
разделиле и по кратко време се изгубиле. Веднаш по пријавата, полициски
службеници од СВР Битола – ОВР Ресен, во содејство со спасувачката служба на
Црвен крст од Охрид извршија пребарување на теренот, при што во 17.30 часот
биле пронајдени, а подоцна биле спуштени на патеката што води кон село Лескоец,
каде што биле прифатени и со возило од Националниот парк Галичица биле
транспортирани до асфалтниот пат Царина-Трпејца. Притоа, тие биле прегледани
од екипа на Итната медицинска помош Ресен и било констатирано дека се во добра
здравствена состојба, по што заминале во сместувачкиот објект во Охрид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment