Пронајдено починато лице во возило

 82 

Денеска (11 март) во 3 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавено е дека на регионалниот пат Желино-Јегуновце, во близина на клучката за Желино, на десната коловозна лента, се наоѓало патничко моторно возило „фолксфаген поло“ со германски регистарски ознаки и дека на возачкото седиште имало починато машко лице.

Повикана е екипа на тетовската Итна помош, која констатирала смрт на возачот Н.Џ.(42) од тетовска Палатица, без траги на насилство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment