762
Огромна река народ од десетици илјади ги преплавуваат улиците во протестот против бугаризација на Македонија со предлогот на Европската Унија.

Веќе втор ден народот кажува гласно и одлучно НЕ на оваа понижувачка одлука, која владата на СДСМ и ДУИ се обидува со лаги да ја протне меѓу македонскиот народ како позитивна работа за Македонија и манипулации дека ова е последната шанса за преговори со ЕУ, додека ѝ се спрема разнебитување, ревизија на учебниците од страна на Бугарија и ставање на македонскиот јазик во фуснота во официјалните документи на ЕУ како бугарски дијалект.

Ништо од ова нема да ја доближи Македонија до ЕУ, преговарачката рамка и Протоколот во ниту еден момент не го гарантираат ова – напротив, остава простор на Бугарија да нѐ враќа чекори назад со секое ново поглавје, преку нејзиното право на вето.
Овие т.н. „европски вредности“ на понижување, шовинизам и фашизам врз помалите нации, со опструирање на можноста за самоидентификација преку уцени и притисоци, не се вредностите кон кои ние се стремиме како народ и самостојна држава.
Отпорот продолжува секој ден во седум – до крај.

#СекојДенВоСедум
ЛЕВИЦА