Вчера полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола,во Битола ги лишиле од слобода Д.А.(21) и две лица на возраст од 17 години сите од Битола .Имено, истите се сомничат дека на 13.11.2023 во с.Дихово ,битолско извршиле тешка кражба на предмети и инсталација во сопственост на ЕВН Македонија-ХЕЦ Сапунчицаво с.Дихово.
Приведените во целост го признале кривичното дело,а пронајдени и одземени им се и предметите кои потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“ при што пронајденото ќе биде вратено на сопственикот, а по целосно документирање на случајот против трите лица ќе биде поднесена соодветна пријава.- информираат од СВР Битола