+++ Раѓање на Свети Јован Крстител Господен+++

Елисавета и Захарија биле родителите на Свети Јован Крстител.

Захарија бил свештеник оженет за Елисавета но и двајцата биле праведни пред Бога. Постапувале по Божјите наредби и го славеле Бога живеејќи без да згрешат. Бидејќи Елисавета била неплодна таа постојано му се молела на Бога да и даде дете.Тие немале деца а и веќе биле стари. Еден ден Захарија додека служел пред Бога му се појавил ангел Господов а Захарија се исплашил. Ангелот му рекол дека неговата жена Елисавета Бог ќе ја удостои со пород бидејќи ја услишил молитвата нејзина при што кажал ангелот дека нивниот првороден син треба да го наречат Јован. Захарија не поверувал на ангеловите зборови и поради тоа ангелот додал бидејќи дошол од Бога а тој не поверувал ќе онеми се до оној ден додека не се исполни кажаното.Така и било Захарија веднаш онемел а Елисавета зачнала неколку денови подоцна.

Кога дошло време Елисавета да се породи , таа на 7 ми јули родила син. Кога дознале роднините се радувале и го благословувале Бога.По 8 дена отишле да го обрежат младенецот посакале да му дадат име исто како на таткото захарија во тој момент на цел глас Елисавета извикала дека детето ќе се вика Јован при што сите се зачудиле. Со знаци се обиделе да го прашаат Захарија како ќе се вика неговиот првороден син. Захарија на една штица напишал Јован во тој момент проговорил како што кажал и ангелот.

Синот на Елисавета и Захарија бил пророк на севишниот за да го вразуми народот да се спаси преку крштавање, исповедување и простување на гревовите.

+++

подготви :уредник на topnovost.mk Снежана.А

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment