1,139
интегрално соопштение
Во овој момент,никако не смее,да се наметнува прашањето” Треба ли пример од Битола ,да биде презентиран во Благоевград и Сандански,ќе биде ли отворен во Бугарија,македонски културен центар и ќе биде ли покажано пријателството меѓу двете земји,со тој акт?”
Во Историјата,пример за во иднината,веќе е прикажано,дека Македонија и Бугарија не можат да бидат пријателски Земји со ниту една допирна точка,околу тоа прашање.Така да самото отварање,на културен центар “Иван Михајлов”во Македонија е сувишен,понижувачки и навредлив чин,кон македонскиот народ во сопствената Држава. Канцеларија Македонец за Македонец,со јасна порака и директно прашање до власта и опозиција “Кој,зошто и како дозволи, среде Битола,да бидат извалкани имињата на Гоце Делчев,Даме Груев и Јане Сандански,ставајќи ги нивните фотографии,на истото место со фотографијата на Иван Михајлов ,чиво име и носи спорен културен центар.” Додека во истото време,на територијата,на град Скопје,постои,неодамна отворена Канцеларија,која што безкомпромисно и безпрофитно од било која политичка партија,води искрена и чесна борба за Македонската Кауза,во Македонија. Дозволувате и финансиски поддржувате,бугарски политички амбиции,презентирани преку некаков,навидум,културен центар. Ставот на нашата Канцеларија е ,дека оваа брука нанесена му на македонскиот народ,треба да биде затворена во што пократок рок.Администраторите да бидат испратени таму од каде што се и дојдени . Нашите четворица Војводи,веќе имаат своето почесно место и во МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА и во искрена македонската канцеларија,која што се бори чесно за Македонската Кауза,под нивните Заклетви и Идеали. Во овој момент,повеќе од значајно е да секој еден,кој што се чувствува Македонец,поддржи борба за Македонија ,на право место.Четири Војводи,Македонштина,единствените Знаме и карта кои што ги признаваме,дел од Химната,кои што “случајно” се изостава кога се битни манифестации,НИКОГАШ СЕВЕРНА ја газиме … Македонија презентирана преку Историја за во иднина .Канцеларијата Македонец за Македонец,против штетни договори,против лажиран попис,против драконски казни и налепено името “терористи” на македонските Уставобранители… Канцеларијата Македонец за Македонец,Достојна за да ја представува Македонија! Ја осудуваме јавно,последната фотографија од овој пост и ја сметаме за провокација кон Македонскиот Народ ! Орг.Аманет 1903 та Скопје


