Руската делегација замина во Белорусија, закажана третата средба за преговори

 108 

Руската делегација замина во Белорусија, каде што треба да одржи трета рунда од преговорите со украинската страна за прекин на војната во Украина, која се води речиси две недели.

Претседателот на Русија, Владимир Путин покажа надеж дека Киев ќе покаже конструктивен пристап во следната рунда на преговори меѓу двете делегации и конечно ќе се пронајде решение.

Првичниот план е преговорите да почнат во 13 часот по средноевропско време, меѓутоа засега не е познато дали ќе се одржи во тој термин или ќе мора да биде одложено.

На територијата на Белорусија досега беа одржани две рунди на преговори, и тоа на 28 февруари и 3 март меѓу делегациите на Украина и Русија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment