Сам си ја зголемил платата благајничка со крадење

 518 

СВР Охрид соопшти дека 58-годишен жител на струшкото село Драслајца добил кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Пријавениот, како што соопшти СВР Охрид, го оштетил Буџетот на Завод за нефрологија над 342 илјади денари.

– Р.Л., во својство на благајник-вработен во ЈЗУ „Завод за нефрологија“ во Струга, во периодот од 2018 до 2022 година, секој месец во различни износи вршел незаконско зголемување на својата плата со што го оштетил буџетот на болницата стекнувајќи се со противправна имотна корист од 342.317 денари, појасни портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment