Во текот на изминатата вечер, во периодот од 22:00 до 04:00 часот, на територија на Битола и Прилеп спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.
Како што информираат денеска од МВР, при контролата санкционирани се 17 возачи под дејство на алкохол. Од нив 12 на територија на Битола, а пет во Прилеп. За време на контролата биле санкционирани и други видови прекршоци.
Акциските сообраќајни контроли, како што посочуваат од МВР, продолжуваат и во наредните денови. Оттаму апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.