Сведоштво: Свети Никола жив светител или славиго или на мира оставиго

Оние со слаба млака вера за нив не е сведоштвото објавено за да се убедуваат, објавено е за оние со цврста вера да ја зацврстат уште повеќе

Зимен свети Никола домаќинката ги пречекува гостите за куќната слава на Свети Никола. Трпезата со посна храна скромно декорирана , весели насмеани гости, расприкажувани , пријатна празнична атмосефера, а и алкохолот ги вжештил главите. Домаќинката за миг се шекнува и скока велејќи – Каква домаќинка сум јас заборавив да го запалам кандилцето на Свети Никола а вечерва е се во негова чест и слава! Таа отскокнува и брзо се упатува кон кандилото на Свети Никола пред неговата икона и го пали за тоа време некој од гостите непромислено, пијано можеби и не злонамерно извикува ма што ќе го палиш и опцува.

Останатите просутни реагираат, – ааа немој така да зборуваш нечини, критикуваат но набргу се продолжува со празничната вечер и останатите теми помеѓу гостите. Таа вечер оној гостин кој опцул по светителот Николај не спиел мирно и спокојно, напротив во собата во која спиел прозорците се треселе пресилно а немало воопшто никој, домашните погледнувале до прозорецот исто и надвор немало воопшто никој а прозорците се треселе и се слушало бучава , се тоа неколку часови после полноќ. Нокта во таа фамилија се сонил сон , на соонот Свети Никола им рекол, запалете ми кандило пред иконата а на овој кој ме пцуе пренесете му или нека ме слави или воопшто нека не ме споменува/ Утрото биле сведоци на чуден настан , на прозорците виделе отисоци од две раце составени од прашина но цврсто впиена на стаклото.

Никој немал смелост да се доближи биле сите преплашени. Отисокот од двете раце сам по себе исчезнал но ова сведоштво нека не исчезне бидејќи е напишано според вистински настанСлава ти Свети Никола те славиме со вера, надеж и љубов.ЗАБРАНЕТО ПРЕВЗЕМАЊЕ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment