Светиот пророк Софониј

Родум од гората Саварат, од племето Симеоново. Живееше и пророкуваше во 7 век пред Христа, за време на благочестивиот цар Јосија. Современик на Пророкот Еремија. Имајќи голема смерност и чист ум воздигнат кон Бога, се удостои со проѕирање во иднината.

Го прорече денот на гневот Божји; казната над Газа, Аскалон, Азот, Акарон, Нинивија, Ерусалим, Египет. Ерусалим го виде како „град одметнички, осквернет, насилнички, во кого кнезовите се лавови што рикаат; судиите му се волци вечерни; пророците – фалбаџии, измамници; свештениците ја сквернат светоста, го изопачуваат законот“ (гл. 3). Кога го проѕре времето на доаѓањето на Месијата, восхитено воскликна: „Пеј ќерко Сионска; ликувај Израиле; радувај се и весели се со сето срце, ќерко ерусалимска!“ Овој тајновидец се упокои во местото на своето раѓање, за да го чека општото воскресение и наградата од Бога.

Тропар
Смирението твое о, Божји пророче, умот кон висините Господови го подигна о, Софоние, ти кој ја виде мерзоста на светите места, на сето тоа срцето ти запеа, устата проговори: Воспевај, ќерко Сионова, ликувај, Израиле, и весели се од сето срце, ќерко Ерусалимска. Моли се, Божји човеку, таа радост да не н? одмине.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment