СВЕТИТЕЛИ НА ДЕНОТ!Ги празнуваме Светите Александар, Јован и Павле, патријарси Цариградски

Александар учетсвуваше на I Вселенски Собор во Никеја, наместо престарениот патријарх Митрофан, когошто потоа го наследи. Kога некои философи сакаа да се препираат со него за верата, на едниот од нив му рече: „Во името на мојот Господ Исус Христос ти заповедам да замолкнеш!“ И во тој миг философот онеме. Со својата молитва и на Ариј тој му го прекина животот. Се упокои на возраст од деведесет и осум години, во 340 година. Свети Јован Постник управуваше со Црквата во времето на злиот цар Анастасиј, еретик акефалит. Се упокои во 595 година. Свети Павле IV управуваше со Црквата пет години и осум месеци. Од престолот се одрече откако тајно прими схима, за да се покае за гревот што најпрво се согласи со иконоборците. Му беше претходник на големиот Тарасиј и се упокои во времето на Ирина и Константин, во 784 година.


Тропар
Засакувајќи ја вистината Христова, благодатта те укрепуваше во сите денови на животот твој, и Господ ги прими молитвите твои, со кои ја посрами мудроста елинска и ја разобличи лагата Ариевска, о Александре, пастиру Господов. Нека по молитвите твои, кои ереста ја тргнаа од местото свето, се удостоиме и ние на вечно спасение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment