Светител на денот:Светиот великомаченик Теодор Тирон

 64 

Тирон“ значи „регрут“. Штотуку Свети Теодор беше стапил во војска, во Мармаритскиот полк, во градот Амасија, започна гонењето на христијаните под царевите Максимијан и Максимин.

Со оглед дека тој не сакаше да крие дека е христијанин, го подложија на суд и го фрлија во затвор, заклучен и запечатен. Во затворот му се јави Самиот Христос велејќи му: „Не плаши се, Теодор, Јас Сум со тебе, не земај веќе овоземна храна и пијалок, зашто ќе бидеш во другиот живот, вечниот и неминливиот, со Мене на небесата“. При ова се јави мнозинство ангели во затворот и сиот затвор заблеска прекрасно, а затворските стражари ги видоа ангелите облечени во бело и мошне се уплашија. По ова Свети Теодор беше изведен и осуден на смрт. Го фрлија во оган и Му ја предаде својата душа на севишниот Бог. Пострада во 306 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment