Светител на денот:Св. свештеномаченик Аполинариј

 1,759 

Свети Аполинариј потекнуваше од Антиохија. Му беше ученик на апостол Петар, кој го ракоположи за епископ на Равена.

Во Равена Аполинариј проповедаше 12 години и многумина привлече кон Христа, а потоа беше испратен во прогонство на Балканот поради злобата на равенските старешини јазичници.

Тој и тука не заборави на службата што му беше доверена па проповедаше за Христа по целиот полуостров три години, за повторно да биде прогонет, сега назад во Италија.

Гледајќи го повторно во Равена, равенските старешини не можеа да го истрпат неговото присуство, па ги нахушкаа јазичниците да го избодат со ножеви.

Така пострада овој светител во времето на римскиот император Веспазијан. Неговите мошти се сочуваа и почиваат во Равенската црква подигната во негова чест.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment