Свети апостоли ВАРТОЛОМЕЈ и ВАРНАВА!Од Делата на светите апостоли

11. ЖЕТВАР / ЈУНИ

Свети апостоли ВАРТОЛОМЕЈ и ВАРНАВА

Тропар и Кондак на Св. ап. Вартоломеј и Варнава:

Тропар, глас 3-ти: Апостоли свјатији, молите Милостиваго Бога, да прегрјешениј остављеније подаст душам нашим.

Кондак, глас 4-ти, на ап. Вартоломеј: Јавилсја јеси великое солнце вселенеј учениј сијанми и чудес страшних, световодја почитајушчија тја Вартоломее, Господен апостоле.

Кондак, глас 3-ти, на ап. Варнава: Господен бил јеси всеистиниј служител, апостолов же јавилсја јеси седмидесјатих первиј, озарил јеси и с Павлом проповед твоју, всем возвешчајај Христа Спаса, сего ради песнопени Божественују памјат твоју, Варнаво, совершајем.

Прокимен, глас 8-ми

Скапа е во очите на Господа смртта на Неговите светии. (Пса. 115, 6).

Стих. Што да му дадам на Господа за сите Негови добрини што ми ги направи на мене? (Пса. 115, 3).

Од Делата на светите апостоли – чтение

/гл. – 11, 19-30/

Во оние дни, апостоите се беа распрснале поради гонењето заради убиството на Стефана, стигнаа дури до Феникија, Кипар и Антиохија, не проповедајќи го словото никому освен на Јудејците.

20. А некои од нив – Кипрани и Киринејци, штом влегоа во Антиохија, им зборуваа на Елините, проповедајќи им го Евангелието на Господа Исуса.

21. И раката Господова беше со нив, та голем број луѓе поверуваа и се обрнаа кон Господа.

22. И дојде слух за нив до ушите на црквата ерусалимска; и го испратија Варнава да отиде во Антиохија.

23. А тој, кога пристигна, ја виде благодатта Господова, се зарадува, и со искрено срце ги молеше да пребиваат во Господа;

24. оти тој беше човек добар и исполнет со Дух Свети и вера. И многу народ се присоедини кон Господа.

25. Тогаш, пак, Варнава отиде во Тарс да го бара Савла; и откако го најде, го доведе во Антиохија.

26. И цела година тие се собираа во црквата и поучуваа многу народ; и најнапред во Антиохија ги нарекоа учениците христијани.

27. А во тие дни слегнаа од Ерусалим во Антиохија и пророци.

28. И еден од нив, по име Агав, пророче преку Духот дека по целата вселена ќе настане голем глад; а таков и настана во времето на ќесарот Клаудиј.

29. Тогаш учениците решија, секој, со што располагаше, да испрати помош на браќата, што живееја во Јудеја;

30. и тоа го направија, откако го пратија собраното до старешините преку Варнава и Савла.

Алилуја, глас 1-ви: И небото ќе ги прославува, Господи, Твоите чудесни дела. (Пса. 88, 5).

Стих: Во соборот на светиите Бога Го прославуваат. (Пса. 88, 7).

На Утрена – Зачало 67

/Јов. 21, 15-25/

Во она време, им се јави Исус на учениците Свои, откако воскресна од мртвите, и му рече на Симона Петра:* Симоне Јонин, Ме љубиш ли повеќе отколку овие? Петар Му рече: Да, Господи, Ти знаеш дека Те сакам. Исус му рече: Паси ги јаганцата Мои!

16. Го праша пак, повторно: Симоне Јонин, љубиш ли Ме? Петар Му кажа: Да, Господи, Ти знаеш дека Те сакам. Исус му *рече: Паси ги овците Мои!

17. И по третпат му рече: Симоне Јонин, Ме сакаш ли? Петар се нажали дека по третпат го праша: Ме сакаш ли? И Му рече: Господи, Ти се знаеш; Ти знаеш дека Те сакам. Исус му рече: Паси ги овците Мои!

18. Вистина, вистина ти велам: кога беше помлад, сам се опашуваше и одеше каде што сакаше; кога ќе остариш, ќе ги рашириш рацете свои, и друг ќе те опаше и поведе на каде што нејќеш.

19. А ова го рече, за да покаже со каква смрт ќе Го прослави Петар Бога. И штом го кажа тоа, му рече: Оди по Мене!

20. А Петар, кога се заврти, виде дека по него оди оној, кого го милуваше Исус, и кој на вечерата се беше навалил на градите Негови и рекол: Господи, кој ќе Те предаде?

21. Штом го виде Петар него, Му рече на Исуса: Господи, а овој, пак, зошто?

22. Исус му рече: Ако сакам тој да остане, дури дојдам, тебе што ти е? Ти врви по Мене!

23. И се пренесе овој збор меѓу браќата, дека тој ученик нема да умре. Но Исус не му рече дека нема да умре, туку: Ако сакам тој да остане, додека дојдам, тебе што ти е?

24. Тој е ученикот, кој сведочи за овие настани и ги напиша; и знаеме дека сведоштвото негово е вистинско.

25. А има многу други работи што ги изврши Исус, и кои, ако би се напишале по ред, ми се чини, не би можеле да се сместат во целиот свет напишаните книги. Амин!

На Литургија – Зачало 51

/Лук. 10, 16-21/

Рече Господ на Своите ученици: Кој ве* слуша вас, Мене Ме слуша; и кој се откажува од вас, од Мене се откажува; а кој се откажува од Мене, се откажува од Оној што Ме пратил.

17. Се вратија, пак, седумдесетте со радост и велеа: Господи, во Твое име и бесовите ни се покоруваат.

18. А Он им рече: Го видов сатаната дека падна од небото како молња!

19. Еве, ви давам власт да настапувате на змии и скорпии, и на секаква непријателска сила; и ништо нема да ве повреди;

20. но не радувајте се на тоа, дека духовите ви се покоруваат, а радувајте се, што се имињата ваши напишани на небесата.

21. Во тој час се возрадува Исус во духот и рече: Те прославувам, Оче, Господи на небото и на земјата, оти си го сокрил ова од мудрите и разумните, а си го открил на простите. Така е, оти таква беше волјата Твоја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment