Свети Јован Златоуст – за постот

“Честа на постот не е само воздржување од храна и пиење, ту­ку воз­држу­ва­ње и од грев. Инаку, оној, кој мисли та­ка, повеќе го ома­ло­важува постот. Постиш ли? По­кажи ми го тоа со де­ла. Ќе ме прашаш со какви де­ла? Еве какви: Ако видиш си­ромав, додели му ми­лос­тиња; ако имаш непријател сми­ри се со него; на при­јателот во среќа не му за­ви­ду­вај; ако видиш уба­ва жена не ја посакувај, туку помини и чувај го сво­е­то срце. Постат не само твојата уста, туку и очите и уши­те, нозете и рацете, сите делови на твоето те­ло. Ра­цете – чувајќи се од несправедливо богатство и сре­­брољубие.

Нозете – престанувајќи да одат на без­за­ко­ни места. Очите – да не гледаат по убави ли­ца и ни­как­ва убавина. Гледањето е храна на очите, му пречи на пос­тот и го руши спасението на ду­ша­та. Ништо не е по­ло­шо од воздржување од јадењата што се дозволени, а со очи да се прождира за­бра­не­то­то. Нека пости и слу­хот твој – да не примаме и да не слушаме озборувања, кле­вети, лоши зборови. Не­­­ка пости и јазикот твој – од ло­ши зборови и ис­ме­јувања. Каква полза добиваме ако се воз­др­жу­ва­ме од нејадење на птици, риби и животни, а со јазик бра­ќата ги јадеме, оти, оној, кој зборува лошо, го ја­де братот свој. Затоа и светиот апостол Павле ре­кол: „А ако, пак, меѓу себе се гризете и јадете, па­зе­те да не се истребите еден со друг“ (Гал. 5: 15). Во те­лото на ближ­ниот ти не зариваш заби, но во не­го­ва­та душа си за­претал лош збор, си ја ранил со лош глас, си направил ил­јада лошотии врз себе и врз не­го, но и на мнозина дру­ги, зашто, осудувајќи го ближ­ниот, најнапред си сто­рил зло на оној, кој те слу­ша. Ако тој е грешник, тогаш ќе стане не­за­ин­те­ре­сиран за своето спасение, оти на­шол соработник во гревот, ако е праведник ќе падне во гор­дост, ќе се погордее над туѓиот грев и ќе добие пот­тик да мис­ли високо за себе.”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment