СВР Битола:Лишени од слобода неколку лица , при претреси пронајдени пиротехнички средства

На 30.12.2024 на ул.„Филип Втори Македонски” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода  Д.Р.(32) и Ф.М.(43), двајцата од Битола, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени разновидни пиротехнички средства. По документирање на настанот, против двајцата ќе следуваат соодветни пријави.

На 30.12.2024 на ул.„Столарска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Б.М.(53) од Битола затоа што кај него биле пронајдени и одземени разновидни пиротехнички средства. По документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава.

На 30.12.2024 на ул.„Македонска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Д.Б.(36) и Г.М.(34), двајцата од Битола, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени разновидни пиротехнички средства. По документирање на настанот, против двајцата ќе следуваат соодветни пријави.

На 30.12.2024 во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода У.Ш.(50) од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени разновидни пиротехнички средства. По документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава.

На 30.12.2024 во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода А.О.(26) од Прилеп. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 400 парчиња разновидни пиротехнички средства. По документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment