Настани од дневниот билтен на СВР Битола.
Од СВР Битола информираат за пријавените настани
На 11.11.2024 во 23.30 часот во СВР Битола, А.Р.(33) од с.Могила пријавил дека во с. Могила, неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 11.11.2024 во 18.45 часот во с.Маково, општина Новаци, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода А.Ј.(35), И.П.(32) и Ф.К.(39), сите од Битола. При преглед на патничко возило „рено” со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Ф.К., биле пронајдени и одземени две пушки, околу 50 куршуми со различен калибар, како и делови за оружје и други метални предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Лицата се приведени во Полициска станица Битола и по документирање на настанот, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 12.11.2024 во 04.00 часот во ОВР Прилеп, Ф.К(24) од Прилеп пријавил дека на ул„11 Октомври“ во Прилеп бил физички нападнат од А.Т. и В.Т. од Прилеп. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 11.11.2024 во 19.30 часот во СВР Битола, Ѓ.И.(55) од Битола пријавила дека на ул.„Партизанска” во Битола била касната од куче скитник.
На 11.11.2024 во 18.40 часот во СВР Битола, Л.С.(66) од Битола пријавила дека на ул.„Филип втори македонски” во Битола била касната од куче скитник.
На 11.11.2024 во СВР Битола, Е.У.(38) од с.Кременица, битолско, пријавила дека нејзината малолетна ќерка се оддалечила од домот и сомнева дека се наоѓа во Битола кај лице со кое била во врска. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
СВР Битола
12.11.2024