СВР Битола:На подрачјето на Прилеп реализирана превентивна активност „Соседска патрола“

 1,859 

На 05/06.08.2022, согласно планот на СВР Битола-Отсек за превенција во рамки на проектот „Безбедно лето“, во содејство со Надворешната канцеларија за криминалистички работи и Полициската станица Прилеп, на подрачјето на Прилеп беше реализирана превентивна активност „Соседска патрола“ во која учествуваа родители, педагошки служби од основни училишта и др.

Притоа беше извршена контрола и посета во повеќе угостителски објекти, паркови и други јавни простори каде има присуство на малолетници во ноќните часови. Притоа, во два угостителски објект биле затекнати пет малолетници од Прилеп кои конзумирале алкохол. По целосно документирање на случајот против одговорните лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment