Дневен билтен на СВР Битола за 26 ноември 2023 година
На 26.11.2023 во 00.30 часот во СВР Битола, А.Р.(41) од Битола пријавил дека на ул.„Титово Ужице“ во Битола бил физички нападнат од Д.В. и М.В., двајцата од Битола .Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 26.11.2023 во 22.20 часот во СВР Битола, М.Ј.(25) од Битола пријавила дека на ул.„Филип Втори Македонски“ била касната од куче скитник.
На 26.11.2023 во 15.50 часот во СВР Битола, Ѓ.С.(21) од с.Десово, општина Долнени, пријавил дека бил физички нападнат од С.П. од с.Десово. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
СВР Битола