На 01.01.2025 во 07.45 часот во СВР Битола Б.П.(19) од Општина Новаци, пријавил дека на ул.„Солунска” во Битола, додека бил заедно со неговите другари бил физички нападнат од С.Д. кој притоа им упатувал и закани со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 01.01.2025 полициски службеници од СВР Битола на ул. „Довлеџик”во Битола го лишиле од слобода З.Б.(31) од Битола бидејќи при преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на настанот, ќе следува соодветна пријава.