1,943
На 20.07.2023, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода
Љ.П.(43) од Прилеп затоа што се однесувал агесивно кон полициски службеници
кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на настанот
против него ќе следува соодветна пријава.
На 19.07.2023 во ОВР Ресен било пријавено дека Д.Н.(49) од с.Грнчари, ресенско,
при вршење на земјоделски работи од с.Грнчари кон с.Горна Бела Црква со
трактор, изгубил контрола е се превртел со тракторот. Притоа, Д.Н. се здобил со
повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид бил извршен.
На 19.07.2023, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Т.Ц.(48)
од Битола затоа што, по кратка расправија, со остар предмет му се заканил на
В.Н.(49) од Битола. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна
пријава.
На 19.07.2023 на бул.„Гоце Делчев“ во Прилеп, Ј.М.(41) од с.Житоше, прилепско,
агресивно се однесувал кон полициска службеничка која извршувала службени
дејствија. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 19.07.2023 околу 01.30 часот на патот од с.Ропотово кон с.Црнилиште, полициски
службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода И.М.(31) од с.Црнилиште.
Претходно, околу 01.15 часот, полициски службеници дале знак за запирање на
товарно возило „ивеко“ без регистарски ознаки, кое го управувал, но тој не
застанал со возилото. Набргу, од возилото излегле две лица, по што скокнал и И.М.
и се обидел да избега, но бил фатен и приведен. По целосно докумнетирање на
случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.