СВР Битола:Oд 15 ноември започнува да важи обврската за задолжително поседување на зимска опрема во возилата

Известување

Секторот за внатрешни работи Битола ги известува граѓаните дека од 15 ноември започнува да важи обврската за задолжително поседување на зимска опрема во возилата. За таа цел ги потсетуваме возачите на моторни возила на законската обврска за задолжително носење на зимска опрема во овој период, како и препораки за одговорно управување со моторно возило и насоки за подготовка на возилата за возење во зимски услови. Апелираме до возачите да ги почитуваат правилата и прописите во сообраќајот, да го прилагодат возењето според условите на патот, да држат соодветно растојание и задолжително да користат зимска опрема, со што ќе придонесат за зголемена безбедност на сите учесници во сообраќајот.

СВР Битола
11.11.2024

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment