СВ. КОЗМА И ДАМЈАН(Тропар и Кондак на Св. Козма и Дамјан)

Тропар и Кондак на Св. Козма и Дамјан:

Тропар, глас 8-ми: Свјати безсребреници и чудотворци, Козмо и Дамјане, посети те немошчи нашја: туне пријасте, туне дадите нам.

Кондак, глас 2-ри: Благодат пријимше исцјељениј, простирајете здравије сушчим во нуждах, враче, чудотворци преславнији: но вашим посјешченијем ратников дерзости незложите, мир исцјељајушче чудеси.

Прокимен, глас 4-ти

Кон светиите, кои се на земјата, и кон Твоите избраници Господи, упатена е сета моја желба. (Пса. 15, 3).

Стих. Секогаш Го гледав Господа, оти Он е од мојата десна страна: никогаш нема да се поместам. (Пса. 15, ?.

Од Првото послание на светиот апостол Павле до Коринтјаните – чтение

/гл. – 12, 27-31; 13, 1-8/

Браќа, вие сте телото Христово, а поодделно – членови.

28. И едни од вас Бог постави во Црквата прво апостоли, второ пророци, трето учители;

потоа даде дарби за чудеса и исцелување; па застапници, управници и луѓе што зборуваат на разни јазици.

29. Та сите ли се апостоли? Сите ли се пророци? Сите ли се учители? Сите ли се чудотворци?

30. Сите ли имаат дарби да лекуваат? Сите ли зборуваат на разни јазици? Сите ли се толкувачи?

31. Покажувајте ревност за поголеми дарби; а јас ќе ви покажам уште подобар пат.

1. Да зборувам на сите човечки јазици, па дури и на ангелски, штом љубов немам, ќе бидам бакар, што ѕвони, или кимвал, што ѕвечи.

2. Да имам пророчки дар и да ги знам сите тајни, да ги имам сите знаења за сите работи, а и така силна вера, што и планини да преместувам, – ако љубов немам, ништо не сум.

3. И да го раздадам целиот свој имот, да позволам телото да ми изгори, – штом љубов немам, ништо не ми користи.

4. Љубовта е долготрпелива, полна со добрина, љубовта не завидува, љубовта не се превознесува, не се гордее,

5. не прави што е непристојно, не бара свое, не се срди, не мисли зло,

6. на неправда не се радува, а на вистина се радува.

7. сé извинува, во сé верува, на сé се надева, сé претрпува.

8. Љубовта никогаш не престанува, а другото, ако се пророштва, ќе престанат; ако се јазици – ќе замолкнат; ако се знаења – ќе исчезнат.

Алилуја, глас 2-ри: Колку е убаво и колку е мило кога браќата живеат заедно! (Пса. 132, 1).

На Литургија – Зачало 34 од пол.

/Мат. 10, 1-5-8/

Во она време, Исус ги повика* Своите дванаесет ученици, им даде власт над нечистите духови, да ги изгонуваат и да лекуваат секаква болест и секаква немоќ.

5. Тие дванаесет души ги испрати Исус и им заповеда, говорејќи: По пат кон незнабошци не одете и во самарјански град не влегувајте;

6. а одете највеќе при загубените овци на Израилевиот дом;

7. И одејќи, проповедајте и кажувајте дека се приближи царството небесно;

8. болни лекувајте, лепрозни очистувајте, мртви воскреснувајте, бесови изгонувајте! Бесплатно добивте, бесплатно давајте!

*Има три бесребреници со исти имиња Козма и Дамјан. Еди се празнуваат на 17/30 Листопад / Октомври, вторите се празнуваат на 1/14 Студен / Ноември а третите се празнуваат на 1/14 Златец / Јули.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment