Се помалку мажи прифаќаат да бидат домазети, ни жените не сакаат домазет

Што е тоа домазет?

Маж што по женидбата живее во куќата на родителите на својата жена. Се оженив и отидов домазет.

Множина: домазети.

Се помала е бројката на мажи кои прифаќаат да бидат домазети но и жените не сакаат да земат домазет.

Одвоивме неколку споделени јавни мислења објавени низ интернет на оваа тема

Фала богу има сопствена куќа и живее сам па станбеното прашање ни е однапред решено 

:)

 Инаку кога би морала да избирам – никако со моите . Искрено ама себично неможам да замислам остатокот од животот да го поминам покрај нив , од приватни причини . Еве и ќе набројам некои од нив :нема да ја имаме потребната интима , како со неговите така и со моите ,иако рака на срце неговите се каде каде послободоумни од моите. Не поднесуват мали деца особено плачковци , постојано го пикаат носот насекаде и предчуствувам истото ќе ми го прават во бракот , има вистина во тоа дека повеќето од разводите се предизвикани од мешањето на родителите.Навистина мразат домазетовци за нив таквите се неспособни и ќе се стремат во најкраток можен период да го избркаат од тука и тоа да му служи како мотивација да заработи пари и да си купи сопствена куќа. Своја куќа ,свој дом , свое љубовно гнездо , сопствен буџет и сопствен начин на распределување на истиот – мислам дека нема подобро! Не мора кај твоите, кај моите , има алтернативи 

;)

А што се однесува на горделивоста на младоженците секако дека ќе ја има , ние вечно сакаме рамноправност меѓу половите а сеуште се придржуваме кон традиционалните норми и непишани правила кои ни ги наметнале постарите генерации – едно од нив вели , младоженецот ја зема невестата , не таа него ..зошто да не е обратно , не разбирам 

:?:

 А и кога веќе нема избор , сакале или не ќе си ја проголтаат машкоста и ќе дојдат кај нас 

;)

Јас не би имала против мојот иден маж да дојде да живее со моите, се разбира ако постојат подобри услови за живеење, не е битно кој кај кого ке се пресели.Само во нашата седина постојат многу предрасуди во врска со ова прашање, дека жената е таа која секогаш го напушта домот, а мажот е тој кој треба да го обезбеди стамбеното прашање и тоа ми се некако застарени сфакања..

Никако не сум за, но доколку тоа е единственото решение и не постои можност за нешто трето, тогаш што да се прави. Инаку не сакам ни јас дома ни тој дома, сами најубаво. Сепак доколку треба да се бира помеѓу кај мене дома или кај него дома, би избрала кај него дома, па ако треба и ред ќе воведам ни свекрвици не би фермала ни ништо живо

Аууу , каков домазет, лоша работа е тоа. Единствено прифаќам ако имам јас стан од моите, па сами да си живееме во него, таков домазет може. :)
Јас не можам да излезам на крај со моиве, не па маж ми да треба да се расправа со нив.
Колку пати сум им рекла дома дека е добро што немаат син, тешко на таа снаа што би дошла да живее со моите .
Два петли во еден кокошарник не седат, едниот го убива другиот, зошто тогаш двајца мажи во една куќа ?
Ни домазет, ни снаа во туѓа куќа, најдобро сами, е сега кој може да си го дозволи тоа.

Леле ова е страшно. Мислам во глобала он да дојде кај мене сигурно ќе си помине поубаво него јас да одам кај него, затоа што мојата мајка нема да го вреѓа како неговата мене нАли, ама како и да е. Јас се изјаснив повеќе пати дека брак воопшто не планирам, ама и за заедничко живеење важи дека нема шанси ни кај мене ни кај него. Имам домазет одма до мене во комшии, професор на факултет, згоден, што не истрпел до сега јадникот :x не е од Скопје, па може тоа му било излез затоа што искрено женава е ОЛОШ нити изгледа добро, ама ајде не е битно тоа, али полошо и пораспиздено створење од неа нема! Како и да е си се заеба човеков за цел живот, луѓе верувајте за помалце од година цела коса му обеле ама сериозно! А немаше ни 30 год тогаш. Ако нема услови за скроз изолиран живот воопшто не би се решила на такво заедничко живеење ма каква и да сака нека е љубов.

Хахахах браво за темата…. татко ми е голем шегаџија и ми вика ако го донесеш дома секој ден ќе го терам да брише прашина, да пери, да готви, да чисти, ама мислам дека никое машко не би се сложило да живее кај невестата дома 

Meне не би ми сметало,ама машкиве се чудо невидено 

|(

 Ним им смета и тоа многу.Им го кршиш егото само ако им спомнеш такво нешто.
Јас се зафркавам на мајка ми и велам дека ќе си го донесам дома,а таа вели не, не никако ,нити со мене нити со неговите,сами му е мајката 

;)

 И јас знам дека е така и се надевам дека така и ќе биде.Иако ќе ми биде тееешко-уште сега ми е,без мама 

:worried:

Имам другарка која се омажи ,ама дечко и седеше во мала барака само дневна и соба.Она има куќа на три ката,па едниот си го средија тип топ,милина.Подобра алтернатива него кај неговите да ја дигаа куќата,вака само спратот си го наместија.Паметно.
Муабети имало,има и ќе има-домазетот дека е мрза и неработник со самото тоа што е домазет 

:^)

 ,глупости невидени нели-Балкан 

:party:

 ,иако има и такви мажи ко што не има и секакви жени 

:lol:

Си велам јас секогаш-на кој како му е убаво,така нека си прави 

Ме фаќа смеа и од самата кованица – Домазет.
Во обратен случај, што сме ние жените? Домоснајки? Ама нееее, светот функционира така. Те зема за жена, автоматски ти си со негово презиме, мајка му и тебе ти е мајка… Смешки.

:music:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment