Сириските доброволци со песна и со руски и сириски знамиња тргнаа кон Украина

 67 

Воени ветерани од војната во Сирија со песна и сириски и руски знамиња полетаа од својата земја кон Украина, каде треба да им пружат помош на руските војници.

Претспоставките се дека Сиријците доаѓаат за да се борат низ улиците на главниот украински град Киев, бидејќи нивната специјалност е токму борбата во урбана средина.

За време на војната во Сирија овие борци се бореа низ сириските градови против ИСИС, додека руската авијација им пружаше воздушна поддршка преку секојдневно бомбардирање на упориштата на терористите на ИСИС.

На снимката може да се забележи и како сириските војници држат постери со симболот Z и порака „За победа“.

ЛИНК ДО СНИМКАТА https://www.facebook.com/watch/Fun-with-Flags-20-110975127878184/

Претходно рускиот министер за одбрана рече дека 16.000 доброволци чекаат на Блискиот Исток и дека се подготвени да дојдат и да се борат на страната на Русија. Владимир Путин рече дека ќе им помогне на сите доброволци да дојдат до Украина и да се борат заедно со руските војници.

„Ова е војна со многу тврдоглав непријател кој одлучи да користи платеници против нашите граѓани. Убијци од Сирија – земја во која сè е уништено… како што прават овде со нас“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленскиј во видео обраќање објавено на Телеграм.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment