Скандалозните сопружници Ване Цветанов и Дунавка останаа без државна работа!?

 89 

Владата на денешната седница го разреши Ване Цветанов од раководната позиција во Советот за унапредување и надзор на ревизијата, објави Локално.

Причината за разрешувањето е тоа што ја ангажирал сопругата, екс мисицата Дунавка Трифуновска да му помага во работата.

Пред неколку дена Цветанов потврди дека сопругата Дунавка му помага во работата во Советот, но додаде дека тоа е волонтерски и за тоа не добивала ниту денар.

Цветанов исто така потврди дека сопругата го придружувала и на неговите службени патувања.

Од Владата се уште нема потврда на оваа информација.

цел текст https://www.slobodenpecat.mk/skandaloznite-sopruzhnici-vane-cvetanov-i-dunavka-ostanaa-bez-drzhavna-rabota/

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment