СЛАВА КАЈ МАКЕДОНЦИТЕ , КАКО СЕ ПРАЗНУВА ПРАВИЛНО! ХРИСТИЈАНСКО СВЕТО ПРЕДАНИЕ!!!

Ова древно христијанско свето предание за славењето на Бога и за Божјата слава во Светителите, и ние Православните Македонци го примивме од Светите македонски Рамноапостоли Кирил и Методиј Солунски, и од Светите Климент и Наум Охридски. Затоа го славиме секоја недела и секој празник Христа Бога и Спасителот наш Неговата Пресвета Богомајка, и светите Ангели и Божјите Светители.

Најнапред заедно ги славиме со целата Божја Црква, во својата парохија и во својот храм, кога нашата парохијска црква или нашиот манастир ја прославува својата храмова Слава, т. е. својот Светител како свој небески заштитник кого истиот ден го прославуваат сите православни христијани во светот. Отаму светата Слава, како општо христијанско и сето црковно славење на Бога и Божјите Светии, не е само македонски обичај, оти Славата ја слават и останатите православни во светот. Но Светите Отци Рамноапостолите Кирил и Методиј, ни дадоа на нас православните Македонци и една посебна македонска домашна слава – нашето Крсно Име, т. е. ја благослови нашата македонска семејна Слава: да секое македонско семејство, секоја куќа и домаќинство го слави оној Светител на кој ден нашите предци и праотци ја примија Христовата вера и се крстија во името на Светата Троица. Тоа е тоа, нашата македонска Куќна Слава или Крсно Име, за кое нашиот народ со право вели: Кој Куќна Слава слави, таа и му помага!

Нашата Куќна Слава, која ја славиме посебно во секој дом секое семејство (ако не сме се откажале од Христовата вера и од името Македонско), по молитвите на Светителот кого го славиме во нас и во нашите души ја оживува светата спомен на оној ден кога сите семејно се крстевме и се Христијанизиравме, кога сме со нашите предци со вера и крштавање во Христа се ухристовивме и охристовивме, кога се уцрквивме и оцрквивме, за да се обожиме и обесмртиме, како што велат нашите нови Божји угодници. Славејќи ја нашата домашна Слава, ние не престануваме да ја славине својата црковна, харамова Слава заедно со своите браќа парохијани; и тоа е нашата заедничка Света Преслава.

А кога ја славиме својата домашна и семејна слава, пак не ја славиме сами во својот дом, туку најнапред со останатите православни христијани во Црквата, на заедничката Света Служба, Света Литургија, каде се присутни сите Божји Ангели и сите Светии, и каде се спомнуваат сите наши живи и упокоени, па дури тогаш во својот дом. И пак во својот дом не ја славиме сами, туку во заедништво и заедница со своето семејство, со своите ближни и роднини, со соседите и пријателите и со секој Божји намерник кој во тој ден ќе ни дојде во нашиот дом, макар да е и просјак и божјак, поготово со него. Оти и тој е, како и секој човек, Божја слика и наш брат во Христа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment