СОНК: Штрајкот продолжува

 581 

Штрајкот продолжува, соопшти Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК). И покрај апелите на министрите за образование и за социјала штрајкот на наставницте и на вработените во предучилишните установи ќе продолжи и неделава. Понудата на Владатат е зголемување на платите за 10 %, по ребалансот на Буџетот кој би бил во мај или јуни. Од синдикатот велат дека понудата е дадена усно, а не писмено и дека членството  останува на тоа дека штрајкот треба да продолжи се до прифаќање на нивните барања за зголемување на платите од 18,4 отсто.   

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment