„Прв пат во Битола фрлање на крстот во вода и негово фаќање се случило во црквата ,Св Недела‘ во 1869 година. Овој храм бил изграден шест години пред тоа, во 1863. Таму на богослужби одело, главно, населението од битолската населба Јени Маале и од населбите Горно и Долно Оризари.
Водици се слави и во 1914 година. Прв пат таа година, на Водици, кога градот бил под српска власт, осветениот крст е фрлен во реката Драгор. Големиот балкански кинематограф Милтон Манаки дури и на филмска камера забележал дел од овие настани во првите години од дваесеттиот век.
Првпат во 1914 година, на Водици, осветениот крст е фрлен во реката Драгор. Дел од овие настани на филмска камера ги забележал Милтон Манаки Вирот тогаш се ископал кај мостот, наспроти сегашната зграда на Ректоратот на Битолскиот универзитет. Традицијата продолжила се’ до 1941 година. Според записите, во овие години, по службата во црквата „Св. Димитрија“, видни граѓани на Битола со музика доаѓале до мостот. Во воено време, наместо на старото место од течението на Драгор, крстот се фрла од мостот подолу, спроти сегашната општинска зграда.
Она што Битола ја издвојува од другите градови е традицијата по крстот да се фрлаат младоженци. Според записите од Кузман Шапкарев, тоа понекогаш завршувало фатално за младоженците кои не можеле да ги издржат ниските температури и јануарскиот студ.
Непосредно по ослободувањето, церемонијата со фрлање крст во Драгор била забранета, со исклучок на црковните базени во „Св. Димитрија“ и „Св. Богородица“. Последните децении традицијата на фрлање крст во Драгор се напушта од црквата.
Од 1869 битолчани за прославата ја збогатуваат со кум кој се избирал со крст. Во погача се ставало помало сребрено крвче и лебот се делел на присутните. Тој што ќе го најдел крстот станувал кум за следната прослава. Се верува дека за тие верници годината што доаѓа ќе биде среќна и бериќетна.