СПОМЕН КУЌАТА НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Е ТРЕТА ГОДИНА ЗАТВОРЕНА, ВАНЧО МИХАЈЛОВ ГО СТАВИЈА ,,СИМБОЛ ЗА КУЛТУРА” ВО СРЦЕТО НА БИТОЛА

 1,090 

Сакам да се надоврзам на собраниската расправа и пратеничките прашања од пратеникот Димитар Апасиев до министерката за култура во врска со старите архитектури и спомен куќи.

👉Битолската министерка за култура, Бисера Костадинова, бисерот битолски на социјал-демократите, се’ уште не обезбедила финансиски средства за реставрација на спомен куќата на Гоце Делчев во Битола❗

Трета година е затворена оваа спомен куќа поради лошите руинирани услови, а за ВАНЧО-МИХАЈЛОВИСТИТЕ има простор, дозвола, печат, обезбедување, надзор и одговорност во заштита на ”културната социјал-демократија” да ни проповеда нова ера на историја и погубување на фашизмот од меморија❗

Дали министерке ова е историско политичко занемарување на македонската историја и уништување на спомен обележјата ⁉️

📌Во оваа куќа, Гоце Делчев престојувал неколку месеци каде што се сретнал во битолскиот затвор со војводата Даме Груев и остварувал средби со други припадници на организацијата.

📌Во оваа куќа има вредни експонати оставени од Делчев

Горан Велевски советник Левица Битола

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment