СПОТОТ ЗА „БОЖИКНА СЕРЕНАДА“СЕ СНИМА ВО БИТОЛА

🎥 ОД СНИМАЊЕТО НА СПОТОТ ЗА „БОЖИКНА СЕРЕНАДА“

ℹ Во режија на Дејан Пројковски, а во продукција на 2S Stojan Stojanovski деновиве во Битола се снима спотот за „Божикна серенада“. Денеска Ви овозможуваме кратко да ѕирнете што се случува таму, а за сликата да Ви биде комплетна, ќе се погрижат режисерот Dejan Projkovski, актерката Соња Михајловска и младата „гулабица“ Благица Пупуноска.„

Овие неколку денови се обидовме да ја живееме серенадата преку една прекрасна Божикна песна којашто на најубав начин ќе ја покаже традицијата и семејните вредности на македонскиот народ и ќе не’ врати малку во времето низ една филмска приказна снимана во Битола, градот којшто ја има серенадата како дел од својата културна традиција…“🌠 Премиерата на спотот за „Божикна серенада“, традиционално Ви ја закажуваме за Бадник.- објавија од Бадникови поворки

линк од видеото https://www.facebook.com/watch?v=4626282480824604

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment