Струјата ќе поскапи за 0,4 отсто за 88% од домаќинствата, на 1 јули

Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски на прес-конференција во Скопје најави поскапување на струјата за потрошувачите во вториот, третиот и четвртиот блок. За граѓаните коишто се во првиот блок, со минимална потрошувачка, нема да има корекции во цената. Според Бислимоски, од 1 јули струјата ќе биде поскапа за 0,4 отсто за 88 проценти од домаќинствата, со што нема да биде предизвикан ценовен шок. 

За осум проценти од граѓаните кои имаат потрошувачка во трет блок – струјата ќе поскапи за 0,48%, за четири проценти од семејствата коишто се во четвртиот блок – трошоците за струја ќе се зголемат за 0,57%.

„Во првиот блок нема промена, во вториот блок има зголемување од 0,85%, во третиот – 1,92%, во четвртиот – 1,88% и евтината струја ќе се зголеми 0,65 проценти“, рече Бислимоски.

Новата цена на електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи ќе важи од 1 јули

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment