Студени утра а преку ден до 25 степени

 1,283 

Времето денеска ќе биде студено во утринските часови, а преку денот ќе се задржи сончево со мала до умерена облачност, инфорира Управата за хидрометеоролошки работи. Во западните делови од Македонија ќе има услови за појава на краткотраен дожд.

Ќе дува слаб до умeрен ветер, претежно од северозападен правец, а УВ-индексот ќе изнесува шест.

Утринските температури ќе се движат од 1 до 10 степени, а дневните од 18 до 25.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment