Татјана Стојановска откри како го слави „Денот на вљубените“: „ Подраго ми е кога ќе си дадеме подарок без некој повод“

 74 

14 февруари некои го слават како „СВ.Трифун“ или денот на виното, а некои го слават како „Денот на вљубените“ – денот на љубовта.

Иако „Свети Валентајн“ е католички празник, овој ден во последните неколку години се повеќе се слави, па многу парови го одбелжуваат денот на љубовта со подароци, заедничко патување, вечера…

Водителката и презентерката Татјана Стојановска за „женски магазин“ откри ги слави „Денот на вљубените“ и „Свети Трифун“.

– Што се однесува до прославувањето на Св. Валејтан кој во последниве години се прославува како ден на љубовта и кај нас, иако е католички празник, не сум имала ништо против да се одбележи. Убаво е да се покаже внимание на партнерот, но сметам дека тоа треба да се прави било кој ден, не ги сакам клишеата дека токму на тој ден треба да се подари нешто. Ако се чувствувам така ќе купам нешто симболично, но не со обврска дека морам. Подраго ми е кога ќе си дадеме подарок без некој повод. Ако ме прашувате дали Св. Валејтан или Св. Трифун би рекла и двата празника се убави и кој како си чувствува нека си ги прослави. Да бидеме среќни и вљубени и да наздравуваме за убавината на животот секогаш“, вели Татјана.

Инаку, Стојановска и Миахаил се во врска околу 10 години, но нивната љубов не ја официјализираа со брак.

-Па со интелектот и шармот. Станува збор за човек кој навистина ги поседува овие две карактеристики и со вниманието и почитувањето, семејните вредности и почитувањето на жената, изјави водителката во една прилика.

Тие се запознале на одмор во Турција во 2012 година каде биле на одмор со децата, а нивната пријателство прераснало во љубовна врска која ја негуваат и ден денес.

фото: инстаграм/tatjana stojanovska/јутуб/backstage macedonia

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment