ТВ 24:Најава за обид за владина корупција на медиумитe

 392 

Се обидува ли власта да протне закон преку собранието со кој ќе истура државни пари врз одредени приватни медиуми?!

Пред пратениците циркулира нацрт- верзија со која се предвидува да се избрише активната забрана за платени јавни кампањи во медиумите. Се оди чекор напред со тоа што на приватните радија и телевизии сега им се гарантира годишен приход. Тој не смее да биде под 0,1 процент од годишните буџетските приходи на државата, што сега би значело околу 3,5 милиони евра и половина процент од буџетите на 81 општина.

Еснафските новинарски здруженија на нозе. Велат таа грешка не смее да се повтори- земјава ќе се врати десетина години наназад кога на сличен начин медиумите директно се поткупуваа и се нарушуваше уредувачката политика и независноста на новинарите. Загрижувачки за нив е што никој не ги консултирал. 

Документот кој циркулира кај пратениците и се уште не е ставен во собраниските материјали го извади Призма. Новинарот Владо Апостолов вели- доколку се изгласа вакво решение, им се дава механизам- алатка на политичките елити која како во минатото ќе може да ја злоупотребат во пропагандни цели.

Владата пак вели, го подржува барањето на медиумите и еснафските здруженија да се измени членот 102 со кој се овозможуваат платени владени кампањи преку радиодифузерите. Топката ја префрла кај пратениците.

– Владата го поддржува барањето на медиумите и еснафските здруженија во делот на законските измени на членот 102 од законот за аудио и аудиовизуелни услуги, со кои се овозможуваат проекти од јавен интерес, Владата да може да спроведе едукативна и информативна кампања и преку радиодифузерите. – велат од Влада.

Членот 102 е законско решение кое е усогласено во Собранието и единствено во Собранието може да се постигне консензус за негово адаприрање или менување што на крај ќе биде одлука на пратениците.

Откако СДСМ ја освои власта, постави директна забрана за државно рекламирање, за да го спречи индиректниот поткуп на медиумите што беше дел од пропагандата на власта на Никола Груевски. Дури и обвини за криминал прекуи медиумите и владините реклами тежок 37 милиони евра, за кој до сега никој не одговараше.

А овој чекор наназад кон државното финансирање на медиумите доаѓа по неколкугодишниот притисокот од петте националните телевизии. Со предлог- закнот кој е кај пратениците – кај нив ќе завршуваат 80 проценти од парите од буџетот, наменети за владино рекламирање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment