Според радарската слика територијата на Македонија е зафатена со зголемена облачност наместа проследена со умерени до слаби врнежи од дожд. Врнежите од дожд наместа можат да бидат и од пороен карактер.
Денес времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа во западните и источните делови ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд (над 20 l/m²), грмежи и силен ветер (над 70 km/h).
Во Скопје денес времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Во делови од котлината ќе има услови за развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.