Вчера во 13.24 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Карпош“ во Битола, патничко возило „форд“ со битолски регистарски таблички, управувано од 47-годишниот Г.С. од Битола удрило во 61-годишната З.Д, исто така од Битола.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила З.Д., констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Битола“,соопштуваат од СВР Битола.