Тимовите на ДЗС во 8 часот утрово продолжија со потрага на малиот Петар

 108 

Утрово во 8 часот тимови засилени на ДЗС продолжија со потрага по исчезнатото дете Петар

Дирекцијата за заштита и спасување ги засили тимовите влучени во потрагата по детето Петар Џубоски со стручни лица и од Македонски Брод и од Тетово, освен со колеги од Битола, Прилеп и Скопје.Ангажирани се нашите сили и обезбедени се АТВ – мотори и специјални возила. Денеска припадник од Тимот за спасување од од високи објекти од ПОЗС – Прилеп во јамата на напуштениот рудник „Партизанка“ се спушти во длабочина до 70 метри, а во кое никој не влегол веќе 40 години.- велат од ДЗС.

Петар исчезна на 25 февруари кај селото Врбско Мариово. Потрагата ќе продолжи и по течението на реката Црна. Јавното Обвинителство Прилеп отвори предистражна постапка во која беа сослушани родителите на исчезнатото дете и неговиот најстар брат.Повеќе од 100 полициски службеници, трагаат по десет годишното дете, вклучен беше хелкоптер, дрон, службени кучиња,

Во потрагата се вклучени и членови на Територијалната противпожарна единица Прилеп, членови на спасителната служба „Златоврв“, ловното друштво „Мукос“-Прилеп, жители на околните села, како и граѓани доброволци од неколку градови. Интензивната потрага продолжува се до пронаоѓање на детето.

Сите оние кои сакаат да се вклучат во потрагата да се јават на телефонскиот број на дежурната служба во с. Витолиште 071 268-594.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment